полека (прил.) - станува (гл.)

Гринавеј полека станува уметност за себе... Питер Гринавеј делови од интервјуто со Никола Шуица, 1989. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 57
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затемнување.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кртот полека станува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Полека станува. Се тетерави. Повраќа. Оди кон оградата на бродот.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Моите алишта полека стануваат како алиштата на другите, жива вода, се лепи прашина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Добро е, почнуваш да размислуваш онака како што ти налага ситуацијата. Полека стануваш еден од нас Алек.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во еден ден му се случија толку многу работи што мораше да си признае дека непријатните изненадувања лека – полека стануваат дел од неговиот живот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слоговичија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се долги години, уште ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урна тината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Влегувајќи во лифотот, посетителот добива по еден случајно одбран „пасош”, идентификација на автентична личност, која по чудните механизми на поистоветувањето, полека станува ваша идентификација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Пасошот” со вашата личност, го вртите страница по страница и така дознавате што се случило со неа, историски период по историски период.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)