Најнапред тивки, нежни тонови полека ме успиваа, а потоа стануваа се посилни и посилни и ме будеа во ноќите и многу силно го посакував и тивко го изговарав неговото име Оливие...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Додека се чуствувам така среќен и горд поради Балканот, црвената боја ми задава страв што полека ме обзема.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Еве, тука си, така никогаш не си ме сакал, и го слушам срцето твое како чука додека полека ме љубиш, во светлоста ноќна на овој град.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Така раскрвавен и валкан полека ме водеа. Влатко и Дејко ме придржуваа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
РАНЕТ ДРУГАР
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Веќе бев со изменето чувство, потиштеноста полека ме напушташе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нил полека ме носеше кон југ, таму каде што е Луксор и градот на мртвите фараони, а уште подолу огромната брана Асуан.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)