Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Се смета дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги изведуваат старите ритуали - читање, или анализирање, или пишување со цел и јаснотија. Кој може да ги обвини?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)