Геј-живеењето не се согласува лесно со основните премиси на хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А не може ни несвенливата геј-склоност кон кампски препрочитувања на хетеросексуалната култура да биде само одраз на некакво неостварување геј-гордост и на неизлечливите ефекти на општествената доминација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај големите историски и општествени промени на условите на машкиот геј-живот што се случиле во изминативе педесет години, геј-децата и понатаму растат во стрејт-свет, стрејт-културата и понатаму и понатаму им е многу важна, а машката геј-култура сѐ уште функционира – и, впрочем, се развива – преку метафорично или фигуративно читање на стрејт-културата: преку нејзино преусвојување кое е и отпор кон неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На значењето на стилот, на далекосежните естетски, родови и сексуални последици на формалните стилски разлики, на составните елементи на прагматиката на родот – со еден збор, на културната поетика на човековиот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, не си ја разбира упорната приврзаност кон тие традиционални извори на настраното задоволство и не знае како да си ги објасни сопствените опсесии.
Фељтонот за геј-културата во Тајм аут Њујорк е бележит во оваа смисла не само затоа што слободно си ја признава неспособноста да се справи токму со избраната тема туку и затоа што толку јасно и симптоматично покажува поголема збунетост околу тоа што, всушност, би можело да значи тоа „геј-култура“, на што тоа би упатувала и од што тоа би се состоела.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Бидејќи логиката на сексуалниот поредок досега толку длабоко се вкоренила во еден неописливо широк спектар на општествени институции и бидејќи се вкоренила во најстандардните прикази на светот“, забележува Ворнер, „квир-борбите не се стремат само кон толерантност и кон еднаков статус туку и кон предизвикување на тие институции и прикази“.468 Квир-политиката нишани право во срцето на нашиот модернитет.
Геј-мажите, како сите настрани, нужно се откинати или отуѓени, барем донекаде, од хетеронормативната култура, како и од примените облици на лично и општествено живеење што хетеронормативноста ги обликува, ги издигнува и ги нормализира, правејќи ги „главнотековни“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, како што видовме, тие претставуваат и признание за тешката положба на машкото геј-живеење и решителен одговор на неа, вклучително и категорично отфрлање на главнотековните општествени вредности што ги унижуваат и ги обезвреднуваат геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Современото геј-отфрлање на современата геј-култура и сегашната популарност на згодно настранетите нешта што се присвојуваат од главнотековната, хетеросексуална култура, не можат да се сведат на прост симптом на интернализирана хомофобија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од хетеросексуалците со нормални желби – кои (да се послужам со зборовите на геј-поетот Френк Бидарт) „живеат како, иако она што го/посакуваат е токму она што од нив/се очекува да го посакуваат, божем тие самите да посакуваат“ – геј-мажите не можат да си ја побркаат желбата со некаква потврда и ратификација на нивниот субјективен суверенитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Далеку од тоа дека би нѐ вратиле во некој психолошки модел на машкиот геј-субјективитет, тие би ја нагласиле сексуалната политика на културната форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали машката геј-култура, од поткултурниот подвид што го опишав тука, ќе згасне?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-ослободувањето, со други зборови, можеби има уште многу работа.
21 ЗАСЕКОГАШ НАСТРАНИ
А откако геј-ослободувањето ќе си ја одработи задачата, што тогаш?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но моделот на човечкиот живот што го претставува и што таа го промовира како хоризонт на стремеж за секој исправен човечки субјект, нема да го снема со озаконувањето на геј-бракот и со можноста на нехетеросексуалците отворено да служат во армијата на САД.
Ете зошто квир-политиката е толку многу подалекосежна, толку многу попреобразувачка од политиката на геј-правата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сепак, како што прв би признал Адам, и како што укажува неговото подоцнежно творештво, премрежињата на инфериоризацијата и абјектноста не го објаснуваат докрај и не го исцрпуваат значењето на појавите што се обидувам да ги истражам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако машката геј-култура можеби веќе не е преокупирана ниту со Џоан Крафорд ниту со Бети Дејвис, таа и понатаму им издвојува голем дел од своето внимание на холивудските ѕвезди, на дивите, на поп-иконите и на разни современи женски ликови кои отелотворуваат разни комбинации на сила и страдање, на гламурозност и абјектност, на моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истрајноста и популарноста на традиционалните машки геј-културни практики повеќе од четириесет години по Стоунвол можеби навистина се одраз на продолжувањето на неповолните политички околности, на натамошните искуства на антигеј-угнетувањето, исклучувањето, општествената доминација и стигма – но не во смисла на тоа дека се просто патолошки последици од општественото непријателство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Добро би било да се знае дали општеството е виновно за фактот дека толку многу геј-мажи бараат негеј-алтернативи за живописната, амбициозна, уметнички остварена, разновидна, многу енергична и бескомпромисно „аут“ геј-култура што им е сега на располагање... исто како што понекогаш и понатаму им е тешко да ги посакуваат геј-мажите како геј-мажи, а не како факсимили на стрејт-мажите или како божемни отелотворенија на стрејт-мажественоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа што во главнотековните културни облици се додале геј-ликови не ги прави самите тие облици настрани.
И така, геј-децата сѐ уште мора некако да се ориентираат во однос на главнотековната, хетеронормативната култура, која и понатаму им е првата култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А колку што општествените протоколи на нормалниот или на хетеронормалниот живот и понатаму им се туѓи на геј-мажите, толку геј-мажите не можат да си го сфаќаат сопствениот свет здраво за готово онака како што можат стрејт-луѓето.
Во таа смисла, геј-мажите се отуѓени и од „природата“, односно од општествените дефиниции на природното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, стратегиското присвојување на стрејт-културата и понатаму им служи за витални цели на геј-мажите, а и на други, и овозможува важно, макар било и имплицитно, средство за општествена критика и политички отпор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како и да е, мислам дека треба подлабоко да проникнеме во причините поради кои отворената и експлицитна геј-тематизирана машка геј-култура што ја овозможи геј-ослободувањето и натаму има толку тешкотии да си најде машки геј-поддржувачи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зошто толку многу геј-мажи и понатаму им се восхитуваат на негеј-ликови и се идентификуваат со нив, зошто и натаму претпочитаат културни прикази во кои отсуствуваат геј-мажи?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)