V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Понекогаш тоа е сложувалка на расфрланите мисли и желби кои се тесно врзани за нашето его.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се радувам кога ќе го најдам кодот на нечиј свет и кога ќе се потврди дека сѐ што е живо има допирни точки. Понекогаш тоа оди само по себе, се случува спонтато.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Нашите хирурзи се во состојба толку да ги изменат луѓето, што никој не може да ги препознае. Понекогаш тоа е неопходно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)