Тој речиси го заборавил нејзиното смеење, нивното смеење, нашето - распојасано и отворено, весело зад болката, зад веселбата, егзистенцијален но сепак длабоко од утробата - но сега го слуша: Се смеат слободно, речиси беспомошно, како што некогаш често се смееја, понекогаш наспроти самите себе и околностите коишто беа сериозни или мрачни, или барем како што сакаа да се смеат, на почетокот: нивниот толку среќен, зачудувачки контингентен богато следствен некогаш одамна.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)