Јас стоев, понекогаш сам, понекогаш заедно со инженерот, горе над машината, на горниот дел од падината, и гледав како под мене полека еден канал ја цепи вдолж планината како на две токму во нејзиниот мев.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вели жената е подвижна нива, понекогаш сама сака во неа да се фрли семе за да се види што ќе никне, ама што да се прави кога, што да прави таа кутра нива кога и насила се фрла семе во неа?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)