Се врати на штицата за седење, извади цигара, не да ја витка туку да ја омекнува меѓу прстите, па се сети: - Еден средношколец, врска меѓу одредот и илегалата, падна во рацете на полицијата кога се враќал од планина в град, не го издржал тепањето во затвор и еден ден, поправо ноќ, не се вратил откај иследникот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)