Извештајот бил составен од Патрик Еванс и претставува продолжение на извештајот од 7 август 1944 година во кој само ги потврдил и ги дообјаснил политичките и воените настани кои се случувале во делот на Македонија под Грција, а посебно односот меѓу Македонците и Грците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Не ми беше лесно да го разберам Мајкиното учество во балканската историја, посебно односот кон сложеното „албанско прашање”, како и кон границите, тие проклети линии на делбите, таа пајажина пред и околу луѓето, како што таа често, гласно или шептејќи се изразуваше за нив, особено откако ја напуштивме родната земја и станавме засекогаш емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)