Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава“ заедно со сите негови „братија во Христа“; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас'л калуѓер"; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекуваа“ најтешки болести.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Инаку, Чаршијава заживеа одново со Ликовната академија, на почетокот на осумдесетите, луѓето почнаа да излегуваат и навечер, но полецка прекинаа некаде 87-8-та, па после дојдоа фрките и денес бавно луѓето, пред сѐ младите, пак некако се враќаат во Чаршијава. А тоа што градов не вложува ништо во еден од своите клучни симболи, во својата „копча”, бидејќи она што Македонија е на Балканот, да речеме, тоа е Турската чаршија за Скопје, сврзно ткиво.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)