Може од мене бега, вели, и после слушам некоја свиња ми ричка, вели, ми копа и ми грофта, Овдека вака, вели, ќе ми ги ископа џигерите, срцето, сплинката. Дупка ќе ми ископа на градиве, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И после слушаме - ״У р а “ , наближува кон нас. Идат Бугарите. Почнува колењето: нож на нож оди.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После слушаше како и во таа ветрива ноќ почнуваат да се извишуваат до вишенебеси изострените писоци на волците по Белата Долина, и сега можеше да биде добро замислена сета изгубеност на гладните попусти завивања низ сета таа ветровитост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)