Но, тие искуства без сомнение се значајни за неговата уметност и живот, се поставија помеѓу него и целосниот физички и ментален крах, клиничка депресија од која навистина страдал извесно време во првата деценија после војната. (Овој крах за него бил, како што признал, вистински - емоционален - крај на војната.) Бојсовата преокупираност со топлината и присноста со цел на обновување на телото и духот, со конкретно доживување на “материјалот што дава живот”, датира од времето кога го негувале Татарите и кои ги сметал за своја фамилија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Постојат сомневања за тоа што Бојс навистина доживеал кај Татарите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога после војната Бојс се врати во Клеве беше одликуван со орден со златна лента која се доделувала на ранети, поради тешките рани што ги добил за време на борбите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Некој може повторно да се роди и да се покрсти во детска када - може повторно да биде течен како водата на животот - како што според Бојс и купот стари весници што тој подоцна ги користеше во својата уметност беа симболични батерии што произведуваа топлина и топлинска енергија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Лечејќи го Бојс и учејќи го како да се лечи самиот, Татарите му дадоа втора, посреќна прилика, како возрасен, да ги почувствува топлината и присноста од кои порано бил лишен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)