Како ќе си оди бате?!... (Му потурува на Митрета да се измие, а после и на другите).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Да, тоа беше оној негов Брат. Она момче, мислеше, а после и оној човек.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Така разбирајќи го долгот кон татковината, јас се решив, прво, да го изложам моето разбирање на народните идеали на Македонците во еден ред расудувања, прочитани во петроградското Македонско словенско научно-литературно другарство „Св. Климент” 1, а после и да ги напечатам во оваа книга, каде што се поместени и расудувања непрочитани во споменатото другарство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа траеше сѐ дури мечката не се доближи до неговото јарче, онаква распафтана и несмасна, а после и сѐ додека не зеде, пред негови очи, да го расчеречува со своите несмасни шепи неговиот лов и неговата среќа, тука, веднаш пред него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)