Краста: Штом ќе видам печена мисирка ми се одземаат нозете и веднаш се губам. (Околу вратот врзува бела крпа со негови иницијали) Напросто не можам да се сопрам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој и не е свесен дека после ќе бара уште и уште и уште.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ќе се напалам ко трудна жена, а после ќе морам да го вознемирувам доктор Џуџу.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тики: Но зошто му го правиш ова?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Барем да го задржам самиот збор па после ќе се сетам колку ми е важно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Ќе копам три на три“, вели, „зашто надолу после ќе се стеснува“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се надевавме дека после ќе се појави некоја диско куќа и ќе ги откупи снимките.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Собравме пари и плативме студио за да го снимиме првиот албум на Велветите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
- После ќе гледаме, сине, - вели таа. - Да ги најдеме прво твоите цртежи. Кажи кои беа. - Учителот ми рече дека избрале два.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Па тој ќе заспие, па после ќе блада, а јас стојам над него, јас слушам, слушам... сѐ слушам што блада...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Само ти смести и Толевци во племната на Бурлиата за некој час и друг, дури да се истребат агите, та после ќе бркаме работа. — А ти кај ќе одиш?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да повечераме, та после ќе си одиме во сламата на гумното и ќе лафеме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Така, тргај сега, па после ќе го кроиме планот за одбрана, — рече Шаќир и му ги подаде стиснатите сламки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еве шо: јас сега ќе запала цигара (оти на човек без цигара ноќно време патролата не му викаше ни да застане, ами веднаш стрелаше на него, сметајќи го за комита) и ќе слеза до Мачкарови, та ќе му кажа на муљазимот дека на бичкијата дојде Толе Паша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но со лебот требаше и нешто друго. A затоа тука беа двассеттината кокошки за прва потреба, па после ќе дојдат на редот овците, козите, кравите, воловите, та не ќе куртулат ни магарињата кога ќе се свршат копитарите со расцепени копита.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, во онаа јама каде што се убија двајцата, ќе има за растребување, та после ќе можеш внатре — одговори Ѓузепо и му даде број на Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се возбуди силно и во себе си помисли: „ситна работа — сламка, од која зависи еден живот“. Долго се мисли.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Море ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А ти трпи дури да си киниса, па после ќе видиме; ќе мислиме нешчо, ако можеме да измислиме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како за инат и времето им ги зголеми страданиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- И, така, едно 10 жути фонтани имаш 3 тисуча, па после ќе размислуваме за друг бизнис.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Бегај у странство бе Трпе. Ќе истрпиш на почеток дур се уходаш ама после ќе живееш ко бубрег у лој.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- И чика Суруш после ќе набаци ново кешче за проектче за превенција од сифилис.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- А не, не може така. Прво да таксаш, после ќе ти кажам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Прво чорба, а после ќе видиме.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Ова е жената за чистење. После ќе ти кажам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Прво ќе речеш добарден, па после ќе ме прашуваш каде сум, - се слушна гласот на мајка ѝ.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А дедо Спасе ја тегне, ја тегне како тесто, па почива малку, па си го полни лулето и после ќе праша: - До каде бевме дојдени?
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ако сега не стават дрва огнот ќе изгасне и после ќе мрзнат и двајцата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Прво ќе речеш добарден, па после ќе ме прашуваш каде сум, - се слушна гласот на мајка ѝ.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
МИТРЕ: После ќе направиме од твојот, и него ќе го видиме. Еве сега имам свиткано. (Ката им подава оган со маша да запалат).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: Нека пушти прво, после ќе му думаме за тоа.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
АНА: Мамо, али ајде, после ќе ти кажам. (Излегува).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
После ќе има, ама не можеш да чекаш, ќе се пресуши житото и ќе испадне на нива... Што фајде?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Прво да ми дојде детето, тоа ти гледај, а после ќе думаме за свадба.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Оглупавувам, после ќе станам глупав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
-Ако постојано го тинтарам, ќе ме отера во зијан. -После ќе го откачиш.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Каравлашко не може да го допушти на неговите граници создавањето на една голема Бугарија, која, може, после ќе ја бара од неа Добруџа!
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Што сакаше да рече Турција со тие списоци е многу јасно: „Јас сакам да воведам реформи во Македонија, но наместо реформи сега-засега ќе воведам аскер и маки, зашто земјата се готви за револуција, подготвувана од престапното работење на комитетите, коишто претставуваат како држава во држава: ќе ми дозволите првин да ја смирам земјата и да воведам мир, а после ќе се воведат нужните реформи”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Македонија, после ќе речат нашите противници, не претставува ни географска, ни етнографска ни историска целина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Ќе испиеме, после ќе тримериме, мрморел Спиро Првославец незадоволен од ваквиот пречек.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа дојдете во манастирскиов двор да испиеме братски по голтка ракиичка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да е таа еднаш ќе тропне и после ќе викне од под пенџерињава. (Глас од под прозорците).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Заедно со искрите на сино заблескотените снежинки, што го боцкаа неговиот поглед во таа пеколна зачекореност, низ лилавата изгаснатост на неговиот поглед, исто онака воздушесто и нереално, ќе се зашаркаше сега и по некоја едвај видлива издолжена црна сенка, која ќе се појавеше некаде на самиот крај од опфатот на неговиот поглед, ќе прошмугаше таму еден миг, а после ќе се повлечеше, недофатливо ни за некаков појасен поглед, ни за слухот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знаеше оти ќе има време да го стори уште тоа, а после ќе му остане само можноста да бега назад, кон својата пилана, без да губи време.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да знаат дека не постојат никакви споредни патишта и да не ги бараат попусто нив, дека треба да се пристапи отворено и просто, а после ќе се види колку е угодно да се живее со тој сок, оној вистински сок на работите, како кога вечераш од дивечот, што целиот ден сам си го ловел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега само слушајте ги, а после ќе можете да прикажувате за ова.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Агларон шета, - вели тој и злобно додава, - уште малку им останува. После ќе прошета динамитот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Е па! Е па, после ќе имале афера, па ќе имале, кога по дома немале ни афера ни дешавка за во тефтер да ја раскажат, како Мерил Стрип со оној Клинт кој не беше Бил и кој како фотограф откри толку сексипил во една средовечна жена облечена во фустан на копчање кој се носи само на пазар и коса врзана во коњски опаш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И дека ти кажуваме вака тебе дури како да не ти се ваќа вера, ама откоа ќе ти докажиме здраво, после ќе веруаш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Девојката ќе ти посака леб и сол и после ќе биди твоја за век невеста, и мене јавна сестра.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Од с. Дабница после ќе одиш прао угоре по патот манастирцки токмо еден саат пеш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му кажуале; каква работа ќе бидит таа, луѓе невидени, ни чуени, да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откоа чу тој збор момчето, стана и појде в бавча, та скина три позлаќени јаболка, си 'и кладе в пазуа и се упати за долна земја да си иди дома.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
КРАЛЕ МАРКО ЈА ПРЕСЕКОЛ ДЕМИР - КАПИЈА Во тија стари времиња, бог и Крале Марко шетале побратими.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Еве, остарев јас, е не чув да сторат некој гибел голем на манастирот, нито пак на чивлизите манастирски.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ела, легни и ти, ми вели Јон, ела, малку да поспиеме. После ќе си одиме, ми вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Треба да почекаме да летне, вели, па после ќе тргнеме по неа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После ќе ми дојде самата себе да се удрам по глава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па после ќе ја сврти платицата, ќе ѝ изврти нова дупка со сврделот, ќе ја презапне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После ќе ги собере кромидот и компирите и ќе му свари манџа на Дука.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После ќе дојде писменце за тој што колел: тој и тој да го стемне, да не го раздени. И не ќе го раздени. 31
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па после ќе се џарат што се прави на патот: кој поминал кој заминал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дури после ќе им дадам на децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И после ќе подзаборавам на болката во устата, во главата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И после ќе запре да зборува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па после ќе го натерал да му свири со гајдата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После ќе излезам во гумното, ќе завртам околу стожерот, вршам околу куќата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Миклош не ја знаеше приказната на Бошко, но иако тој не се правеше на нетокму, речиси преку ноќ побеле: тој засега се движеше слободно, склучуваше непречено пријателства низ градот, почнуваше да го учи новиот говор, но, слично на приказните од илјада и една ноќ, знаеше дека додека саатот не се намести и проработи, животот му е нему сигурен, сите ќе го пазат и сите ќе го чуваат, а после ќе биде она што е - роб за продавање.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
16. КОГА ЖЕНСКО СЕ РАЃА И СТРЕИТЕ ПЛАЧАТ - не затоа дека некогаш ќе страда го жалат, ами за корита со вода совреме да му врачат за гасење на страсти што после ќе се палат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Овде, прво ќе ги наведеме целосно укинатите права, а после ќе се осврнеме на одредбите кои се променети и на одредбите што првпат се воведени во материјата што ја покрива овој закон.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Јас да сум на местото од кадијата прво живи ќе ги одерам, после ќе ги печам, ја одобри Јунус-бег свирепата постапка, жалејќи се во себе што не се сети да му предложи на кадијата прво да ги одере, па после да ги пече, бидејќи тој му предложи да ги погуби на клада.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А вие не бидете будали, земете сега ѓеврек, после ќе донесит фурнаџијата топли сомуни, манџа, ќе ручате убаво, па ќе донесит и алва, баклава.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Почна да ги плаши и теши: – Кој не ќе земе ѓеврек, ќе праќам кај оној ваш другар да сечит Ибраим јазикот, а после ќе сечит и главата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ке ги налегнеме веднаш нив, а после ќе му се качиме на кадијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Претполагаа дека ќе ги стрелаат, можеби ќе им ги пресечат главите со јатаганите и после ќе ги закачат на колје за да се плашат ѓаурите од власта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Може и да ѝ го покаже на Митра, и таа ќе се израдува, и да го виде не може да призне во него оти не ги знае кирилските букви (не ги знаеше ни грчките), само сепак, Чана не може да го направи тоа, едноставно радоста од писмото прво сама сака да ја има само за себе, а после ќе ја дели со другите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дури имаме леб, ќе јадиме, после ќе работиме, ќе се раниме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На пат за мастпазар ќе наврати првин кај бацка си Петруша да му рече „доброутро" и да му го честита денот, па после ќе оди да го продава сирењето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оди ми си, веди ми си а главата, да ми си поседиш кај мајка и кај татко, додека му е редот, па после ќе бараме некое сиромашко ќе поцрнуаме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако можа некак да го прелажа да се врати, та после ќе гледаме, ќе правиме! — рече попот и остави едно сандаче пред Бисера.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Јас Анѓа а неќу, дотко. Ни сега а сакам, ни после ќе а сакам.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— „Значи, сега Крсте ќе се заборче кај вујка си и после ќе му ги одработува“ — Ц'к, ц'к!“ — си направи таа и му рече да не заима.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така ќе ми се научиш да ми везиш првен ракав, после ќе ѝ скрои мајка предници, па бочници, па најпосле и бројови. И, ете ти нова кошула за Велигден!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Е, после ќе те одерат така добро што и твоите внуци ќе им плаќаат оштета на внуците на поштарот.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
И дека ти кажуваме вака тебе дури како да не ти фаќа вера, ама откога ќе ти докажеме здраво, после ќе веруваш“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Но после ќе ги подсуредеа, најдобро што можеа; толку можеме да речеме за нив.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
После ќе гаташ над моите рецки
над испрекинатата линија на судбата
срочена во 64 хексаграми на енигмата
а тој ќе вметнува во ребусот по некоја
права, проста, прозна
и позитивна цртичка.
Машки синопсис!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На скалите, пред вратата од станот, татко му на Илчо подзастана и му рече: - Остави ја санката малку тука пред вратата, да се стопи снегот од неа, па после ќе ја внесеш.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Дека можеби тоа ќе ме омекне... ама никогаш не настојуваше...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Додаде: „И после ќе се враќаш сосема полека...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дека за мојата ебана ситуација тоа беше како некаква терапија...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
После ќе се потуриш со водата и пак човек ќе се сториш. Ами како...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Вака почнува животот во новите населби, зјапаше, низ дождливата завеса, во застаклените дупки на прозорците, без жива душа зад нив.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Подобро да го посрамиме Бошка, да го натераме да види што грешка прави и тој после ќе биде подобар од сите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И у полношт ја собудила царицата девојката и ѝ рекла: „Иди, Марие, напред, и ја по сахат после ќе дојдем по тебе.“
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
АНДРЕЈА: И онака одиме во штрајк. За после ќе се снајдеме некако.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
После ќе ве примам назад кој како заслужил, ако заслужил, а не заслужил.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Јас давам пример, не мора тој да оди, нека каже дека сака, па ние после ќе го задржиме. И што прави тука?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОРИС: После ќе бидеш жив и здрав.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ќе поседиме додека се стемни, после ќе слеземе...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- рече мажот и ја седна покрај себе врз порозното бетонско плато меѓу покривот и терасата, на кои истинуваше врелината од пекот на сонцето преку денот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Над покривите легнуваше вечерта, постилаше преку нив модрикав превез и ги бришеше нивните остри нерамнини, па разблажени во неа тие се нишкаа во смирена вечерна разбранетост.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Бато, сакаш да ти дадам половина од сладоледот што после ќе ми го купи тато?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Нее, - рече Србин, затегави. - Доста е засега тета да ни ги пере алиштата што ќе ѝ ги носиме, а после ќе видиме. - Аха, - рече тетин Доне.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Сега прво одете да видите. После ќе зборуваме за пари...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Затоа јас бев за кралчето Петар, да се врати работата на старо па после ќе видиме што ќе правиме.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И после ќе почнам да пушам. Цигара за цигара...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе ти ја разубави главата и после ќе ти ја земе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после ќе ги натовариме мажите со нивното оружје и, ајде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После ќе ме бркаат и јас ќе паднам во некоја длабока дупка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После ќе појдам кај Оливера Поточка Форевска, ќе ја побарам за да се истушам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после ќе појдам кај радиото, ќе го вртам и ќе барам да се јави „Гласот на Демократската влада на Грција“.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после ќе си ги клоца очите пред себе и ќе си ги бара по улица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после ќе ме викнат во штабот на 670. бригада, кај комесарот Стрингос и командирот Лушас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После ќе си проговорат по нивни и ќе ни донесат нешто за носење, за во зимно време.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После ќе ги бакнувам буквите, мастилото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после ќе се мачам да презаспијам, пак да ми дојде да се видиме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После ќе седнам на неговиот труп да се починам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после ќе ти даваат зелени пиперки и зелка, и така ќе ни ги отворат очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После ќе ја извадиш устата, вели, па ќе го ставиш увото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Само ти брани ја! – викна татко ми од спалната. – Брани ја, па после ќе се чудиме што е таква.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ти си крива, да знаеш! – ѝ свика на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- После ќе заборавам – рече брат ми. - Запишувај! – предложи мајка ми .
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И додаде, свртувајќи се кон мене: - Вреди да се размисли околу ова што го кажа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)