Во неговите подножја, на горниот крај на ливадите, се најдуваат Драмчески Извори, кои се излеваат направо во ливадите и на тој начин, излевајќи се во нив, ги прават постојано зелени и питоми, па жителите на Потковицата сиот тој предел, ливадите и нивјето, го викаат Питоец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овдека некаде, во Неделска Вода, се најдуваше и главата на станичната чешма и одовде право прудолу и спрема станицата и ден-денеска се протега, и лете и зиме, постојано зелена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)