Потем отидоа пред куќата на Павел Земанек; извикуваа гадости за татко му, велеа дека бил предавник кој го напуштил родот, го оставил семејството, и дека на син му, Земанек, ќе му ги пребојадисаат јајцата, поколението негово; и потем исчезнаа, со некоја новокомпонирана народна песна низ улицата, кон некоја нова адреса.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Првин бевте вие, потем исчезнаа границите
меѓу нештата, фигурите се слеаја.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)