И потем сите книги повторно можат да бидат сочинети од она што спасено е, од зрното на писмата и словата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Татко остана без збор. Ја стегна силно во прегратка. Па потем сите други, со ред.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)