Ќе се бакневме, усните ќе ти се отвореа и кога твојот јазик на неколку наврати ќе посегнеше по мојот, ти го откопчував првото копче од блузата, откривајќи ти го младежот на дното на грлото кој беше во хармонија со помалата дамка на аголот на усните што јас толку многу ја сакав, а потоа второто копче кое откриваше нежен златен крст - јас секогаш се обидував да го сметам само за моден детал - што се нишаше над расцепот на твоите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пееја на смена – првиот, потоа вториот. Пак првиот и пак вториот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Третото копче ти ја разоткриваше чипканата набабреност на прслучето и јас си ја лизгав раката низ дезенираната мрежа напипувајќи ја цврстината на твојата пупка која ми се креваше кон прстите, но ти малку ќе се повлечеше и во позадината на забрзаниот ти здив твојот бакнеж се оддалечуваше и јас почнував посилно да те бакнувам обидувајќи се да те намамам да се вратиш од каде и да беше и конечно, држејќи те како да бев само пријател утешник, те прашував, „што си мислиш?“ иако, се разбира, знаев што ќе одговориш.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Не сакам да мислам на неа но не можам поинаку.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Најнапред ни донесоа еден вид јадење со еден тип вино, но количински малку, вкусно и убаво аранжирано, па потоа второ јадење, па третото…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Бели магли имаме на тони. Еве солзи сув дрен што ги рони.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)