Постоја така загледан и повторно пријде кон гробот од жена му и кон својот; ги загледа, клекна крај гробот од жена му, ѝ запали свеќа од тие што ги најде тука недогорени, а потоа запали свеќа на гробовите од татко му и макја му.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А потоа запали луле, шмукаше од него, дуваше, па ме зафати со крстени и исплеткани прашања: „Татко ти, Калчо, ми рече дека летоците што ги најдовме кај вас, не биле негови, туку - твои точно ли е тоа?“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)