Пред да излезам ѝ реков дека сум растревожен, дека ѝ сочувствувам, но дека вината не е во нас; а потоа мислам додадов нешто како понорницата не е виновна кога наеднаш ќе се најде во темница па ќе мора да се провлекува под земјата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Виновен е оној кој ѝ го одредил патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мал Борче пред некој ден во доверба ми рече дека Кире од кадровското го викале врбов прат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А ти, другар Ѓурчин потоа мисли му ја каде ќе ја сместиш таа навалица и каква работа ќе ѝ понудиш.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Низ каков сѐ чакал, плевел и горчливи мирудии се провираат водите на животот, и какво сѐ зелениште во него не вирее!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)