Потоа можеш да се покаеш и да им простиш на луѓето што ти згрешиле.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Веднаш потоа можеше да им ги види и лицата на оние двајца луѓе, што го носеа одзад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговата старечка бавност не ветувала спас. Но не бил старец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Крвавата маска на убиениот убиец не била видена ни во ноќна треска.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мирисало на кланици; и навистина најпрвин по скомињава и горчлива реа се почувствувало, потоа можело и да се види дека остра дурија му ја копа утробата на несреќникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не ми беше проблем да јадам на другата маса, па седнав, но само што го сторив тоа целото семејство повторно исчезна зад мистериозната врата и јас останав сам во кујничката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Со едно пенкало и не може многу да ме повреди, затоа само и такви предмети фрла, затоа што знае дека ако фрли со нешто друго, потоа може да му биде жал.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пресмета дека ако три дена сум на конференцијата, потоа можам да се качам на автобус и само за четири-пет часа пат да стигнам во гратчето каде што живеат тетка Олга и тетин Јован.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)