Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А потоа пробуричка околу топлото виме на мајка си, па кога ја набара боската, клекна на коленицата и вртејќи го опавчето почна да смука млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)