Потоа гласот наизменично редеше песни и ги галатеше сите Турци, а најмногу него, дури може да се рече дека само него, Арслан бег; го набедуваше дека тој, Арслан бег, со дружината ги исклал Акиноските и го повикуваше на мегдан - ако е јунак, како што се прикажувало за него, и ако му јади газот стодрам барут.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во слушалката молк. По миг долга болна издишка и потоа гласот на Доне.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А потоа гласот му се прекрши во плач.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Старецот воздивна и заврте со главата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Отпрвин тивко, потоа гласот стануваше сѐ позвучен, разлевајќи се низ кумановските сокаци, допирајќи до ушите на муслиманските верници.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во едно од попладнињата, откако ги изнесов столчињата на балконот и ја поткрепив мајка да седне на едно од нив, забележав дека на работ од балконот лежи мртва ластовица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)