41 Пјер Енкал НАСЛЕДСТВОТО НА ПОРОКОТ, ИЛИ КРАЈ НА ВЕКОТ (ИЛИ: ЗА НАЦИОНАЛНОТО КАЈ КОСМОПОЛИТИТЕ) (кон филмот “Уговорот на Цртачот”) Џиновските маси од коса, вистинска или лажна, прекумерните кадрици, алиштата со исклучителна белина, огромните набори околу рацете, нозете или вратот, пердувите и перлите, брокатот и чипката, лентите и ширитите, повеќе украси отколку облека, повеќе богатство отколку украси, претрупаност повеќе од ред; па потоа завеси, кадифе, свила, лентички за коса и карнери: целиот тој наметлив сјај и шаренилото на декорот делумно се придушени со неколкуте бледи лица, зајадливи, со ситни очи и зли усти.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)