Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И потоа кругот одново ќе се сврти, во постојаната смена на меланхолијата и манијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)