Кога се исправив, низ солзите што ми ги беа преплавиле очите од големото напрегнување, видов жолти очи зад затвореното прозорче на бањата, а потоа сенка што бргу исчезна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе биде добро и за тебе, а и за децата што ќе ги раѓаш, - ми рече свекрвата и го погледна Дино, па пак мене, - Ајде, касни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Зашто тој бил иднината на животот - старите се само стари и мртви пред да умрат, тој и неговите врсници ќе го обновуваат животот, плодоносци со живо семе во живо месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)