Мислам дека мојата следна книга, која се вика Empty Words, ќе има многу изразено политичко чувство. Б: Ох, тоа е добро. К: На почетокот ја искажувам оваа вчудоневиденост пред престојните настани, а тогаш следното... тоа е вовед, а потоа првата вистинска статија е „Предавање за времето“, предговор за она, знаете веќе што?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Попот ги кадел момчињата со темјан додека црната брада страшно му штркнувала на сите страни, потоа првиот го поел со старо вино во кое настругал сив корен од линцура, а на другиот со капки маслинов зејтин во кои со години чувал пелин и рициново семе му извлекол од увото мртов црв или дрвеница или болва, сега е сосема сеедно синовите на бегот можеле пак да трчаат по полето и по стрмништата да вадат јајца од еребици.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)