потоа (прил.) - да (сврз.)

Тужениот „Кјуби“, кој повторно го изгуби спорот, незадоволен од ваквиот исход –  пак ја обжалува пресудата пред битолска апелација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено – во јануари 2008 – истата судијка, следејќи ги напатствијата и насоките на повисокиот суд, само делумно го усвојува тужбеното барање, при што „Кјуби“ беше задолжен да му исплати само K-15, а не и разлика на име испратнина – со мошне чудно и сомнително образложение дека ова право нема третман на „парично побарување“ (!?), па како такво прво морало да биде барано пред работодавачот, па дури потоа да се бара по пат на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа природа пак нежно, без напор и принуда од нас ја извлекува скриената дарба, дозволувајќи ни сами да си го размотаме јазолот, во кој поради незнаење сме се уплеткале...за потоа да ни прости, тој учител, на кого целта му била да не прочисти, па дури потоа сфаќаме: дека затоа тој воопшто и не се појавил во нас!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Треба сега да се продолжи уште донекаде со копањето, да се направи подлабоко лежиште за водата, а потоа да се изѕида бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Надежда ги ладеше камењата во дворот и ја прскаше земјата, од која, кога ѕирнав низ прозорецот, видов како се крева пареа, ја прскаше земјата, за да може потоа да смете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нема мојот син за повисока цена да ја јаде истата ужинка, а потоа да ми вели дека го болело стомачето. Кутрото дете.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Светлосни облици експлодираа, трчајќи по целиот екран за потоа да се затемнат до црно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пејотл копчињата (пејотл е мескалин во својата природна форма) можат да се сомелат, а потоа да се изџвакаат или пушат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И да вели амин И мајка ти потоа да стане И да ја принесе првата чинија узреани черешни Од вашиот двор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Потоа да се стави на тивко, да се потсмири. Постојано да се меша, да се движи, да не застои.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Посакав веднаш да сме дома, да суредуваме со татко ми, да приготвуваме ручек за утредента, потоа да наместиме убаво за вечера, да вечераме, па да ги наместиме креветите за спиење.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Едно од децата се оддели од мажот, и направи два чекора во правец кон жената, два чекора кои можеа потоа да се претворат во трчање, но одеднаш запре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се сврте, им се придружи на другото дете и возрасниот човек, и тие излегоа низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние, освен тоа, можеме и да не ви дадеме камења. Повелете, еве ви го капарот и збогум, со здравје. Оставете ги нашите жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со задоцнување за кое и не бил свесен му викнал на имењакот со замав да го одбие нападот потоа да боде или со втор замав ... и сѐ така, ако викал или ако нешто говорел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нека те носи ѓаволот. И отишол оставајќи го селскиот старешина, ако Доце Срменков бил тоа, да ѝ се заканува на дружината, потоа да стои пред прагот на Фиданкината куќа и да се врти околу себе во страв да не биде изненаден од друг натрапник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа само двајца од оние луѓе, со кои тој не можеше да разговара, само двајца со кој бил најблизок при првата средба за потоа да почне да се одалечува од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мирно им се обрати на присутните прво да се послужат од преполната шведска маса, да се поткрепат, а потоа да седнат на столовите кои беа наредени во круг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Добро би било потоа да одиме некаде на кафе, нема смисла да ти ги давам парите на улица, не си ми макро!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се разбира, треба време зовриеното да се излади, за тогаш да можат да го вкусат овдешните нејаки мисли, за потоа да дојде до целосно општествено провривање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еднаш една сестра беше видела како ги мириса, или, попрво, како минува врз нив како да го испитува нивниот мирис, и како потоа кај малиот прст ги спојува благо закривените дланки, свртени угоре, за потоа да ги спојува и раздвојува, како да отвора некаква голема, мека овошка, или како нешто да раздвојува со лачни движења. 58 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сакав да пишувам за Арафат и палестинското движење кога заврши мојата дипломатска мисија, за малку години потоа да престане да постои и земјата СФР Југославија која ја застапував во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше повеќе мигови кога сакав да го кажам својот дел на вистината за Арафат и Палестина, во чија епопеја бев фрагментарно замешан, но која силно ме означи во животот, во осознавањето на моќта и трагизмот на човековата судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го обзеде смртен умор. Сѐ што сакаше е да стигне брзо дома, потоа да седне и да молчи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствена грижа му стана како да открие што е тоа што тие сакаат да им признае и потоа да го признае брзо, пред мачењето одново да почне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вообичаениот замав на нишалото требаше да се случи само уште еднаш, а потоа да запре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некој љубопитен фанатик во Министерството ( некоја жена, можеби: некоја како малата жена со песочна коса или како темнокосата девојка од Одделот за проза, може да почне да се прашува зошто пишувал за време на паузата за ручек, зошто употребил старомодно перце, што пишувал - а потоа да достави информација во соодветната установа ).
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
12. ТЕ ФАТИ ЛИ ЛОШ ЧОВЕК ЗА ПОЛА - ти сечи ја, остај му ја в рака, макар потоа да останеш и гола бар не ќе си за таква врата квака...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Му вели потоа да ја заклучи, и тој ја заклучува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На почетокот бев среќен што го имам поголемиот дел од одајчето за себе иако секој ден навечер морав да ја метам косата и со мокра крпа да ги бришам штиците, а потоа да ја постелам рогозината врз сѐ уште мокрите штици, да подметнувам еден крпарник врз неа и со ист таков да се покривам во ноќите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стопати на Зоки му е речено дека супата и не смее сосем да се излади, па потоа да се јаде. А Зоки сѐ ќе рече: - Смее!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш го прашав: „А што ти значи тоа, Руски, да не се навреди ни козата, ни зајакот?“ „Ништо! Сосема ништо! Сум го слушнал некогаш од некого.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ах таа негова снисходливост. Најнапред и самиот ќе укори а потоа да не се навреди ни козата ни зајакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За годишницата од смртта на Козакот Семјон Иванович Јацун Доаѓаше во кафеаната од зад аголот без да ја забележиш престарената кајсија на широчинката која понекогаш и наесен се дрзнуваше да процути Дури и да му се насмевнеше чудесниот свет во нејзината крошна немаше да го вознемири Птиците само својата тага ја пеат но не и тагата на туѓинците Птиците што преплашени бегат пред секој шумен облак
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
НЕДООДЕН ПАТ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ранетите чекаат да се заврти сестрата, а потоа да се испразнат во кофата; поздравите со нож дупат дупки на вагонот да гледаат кај се оди и низ нив чишкаат; милосрдната сестра чека да се стемни во вагонот за да се олесни и таа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кристина и Никола се кикотеа прикриени во аголот на ходникот и ништо не ми рекоа кога набрзинка минав крај нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гасовите во мојот стомак се раздвижија и почнаа прво да татнат, а потоа да цвилат во двоглас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На пример, мама никогаш не остава немиени садови да се грамадат цела недела, па потоа да констатира дека во кујната настапил хаос и тогаш да покрене кампања за санирање на хаотична положба!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И во периодот на Римското Царство, за време владеењето на императорот Диоклецијан, Скадар бил регионален центар, потоа за време владеењето на Словените на Балканот, Скадар ќе биде центар на Зета, за потоа да се најде под власта на Венецијанската република.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А нѐ следи, мене посебно, како реагираме на секој виден експонат, па потоа да стапи во дејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И да го завршиме разговорот за давањето и помагањето со тоа што ќе се согласиме дека помагањето и давањето се убава човечка особина, што и му помага на човештвото да опстанува и да се развива, но барањето и очекувањето некој потоа да нѐ фали, да нѐ возвишува и да ни враќа, е грдо и нечовечно!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мајката Пелагија треба само да се грижи исто така навреме да стигнува до фабриката, а потоа да приготвува само убави вечери, од своја страна побара мајката Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Чиниш се чека новодојдените да си ја апнат понадата во спокојство па потоа да почнат да разговараат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)