почесто (прил.) - ги (зам.)

Школниците ги прибраа во училниците, Друже Србине во канцеларијата на Мандулски се пикна, а Корнулов и Папокот сѐ почесто ги посетувале двата вагона на споредниот , слепиот колосек.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Затоа толку е грд животот на мојата Кралица Затоа и сѐ почесто ги избегнувам игрите шах.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се разбира, ги спомна пред руменото Розе и народните пари, што понекогаш му идеа на ум а коишто од одредени причини сѐ почесто ги сврзуваше со успешната кариера на Каламатија и неговото големо богатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа што исклучоците се случуват почесто ги прави попредвидливи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Откривме дека кога бараме од клиентите да ги предвидат исклучоците се зголемува нивната фрекфенција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Софијанци сè почесто ги опседнуваат магазините за овошје и зеленчук: купуваат и приготвуваат зимноца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)