А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
За да му дојде умот, почесто го затвораа во една од собите во куќата, но тоа го челичеше и му ги изоструваше сетилата: се допираше со ушите до ѕидот за да слуша што зборуваат за него во другата соба: дали со ова затворање само ќе го заплашат како другпат или подолго ќе го заджат без леб и вода; дали некој од неговите домашни се сожалува на него и дали заради него пак почнуваат да се караат меѓу себе како што обично правеа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Селаните не ги оставаше да се собираат во црквата како што тоа почесто го правеа и да го удираат ѕвонарот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Спроти избивањето на пожарот, во манастирот дошол Али-бег, сопственик на чивлизите во селото Езерец, со неколку негови другари да го проведе денот во манастирот, како што тоа почесто го правел.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ние почесто го цитираме францускиот генерален конзул, бидејќи неговите извештаи се посодржајни и пообјективни од сите други.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Овој непријатен глас почесто го напаѓаше Алија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сега сеќавајќи се за тие напорни моменти, Глигор сè почесто го управуваше погледот кон старецот, потонат во својата слабост и заспаност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сѐ почесто го наоѓале како се тетерави пред сурија распуштени дечишта или како спие напаѓан од муви во сенка на циганска плитарска куќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што имал продал, што му избројале на дланка испил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Загледувајќи му се во расклештеното лице, на Ване му требаше извесен напор да распрета малку по своето кратко и сиромашно минато за да дојде до тумбестата полјанка меѓу двете маала каде што кошкаа парталава топка на два гола, а во притивничката екипа секогаш најдобар беше еден штрклест левучар, кој колку што забиваше голови уште почесто го забиваше палецот од ногата во тврдиот терен, па по секоја победа си го носеше раскрвавен дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И колку поблиску сме до позарот, толку почесто го слушаме македонскиот говор и изненадени сме затоа што леринскиот пазар многу личи на битолскиот, а и кафеаните и кафулињата и малите ресторанчиња личат на битолските, но со таа разлика што во Битола се зборува гласно, а тука, во Лерин, тивко и внимателно и само во свое друштво.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Господин и госпоѓа Рихтер му беа благодарни на доктор Ауербах затоа што нивниот син сѐ почесто го одвојуваше погледот од празното, и понекогаш одговараше и на прашањата од другите, а не само од неговите родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во текот на еден преглед, докторите забележале дека се јавува нов израсток во усната шуплина на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Матилда сѐ почесто го оставаше сам дома, кога одеше да купува лекови за Зигмунд, и да ги носи кај него, и раскажуваше дека, кога се враќала во станот, го наоѓала Хајнерле седнат на подот, со отворена шаховска табла, а во рацете ги поземал фигурите и разговарал со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неколкупати дури и се насмеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ние, децата во нашето семејство, кога одеше татко ми на работа, сѐ почесто го пуштавме радиото со надеж први да ја дознаеме веста за уништувањето на козите и тогаш први нешто да сториме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Готова е да стркала солзи. Таа тоа почесто го прави.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Вели дека сѐ почесто го обзема необичноста како чувство.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
XXVII Еднаш Богуле, кога мајка му беше излезена во полето на работа, ја донесе Злата дома и ја качи на таванот на ѝ покаже што сѐ има на него и каде почесто го проведува времето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тогашниот учител во селото, кој исто така самоучки се занимаваше со науката, гледаше дека Мил е бистар, љубопитен и надарен, го засака и почесто го викаше во својата лабораторија во училиштето да му помага.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)