Никогаш никому не му кажа дека овој копнеж по нешто што требало да го доживее, а не го доживеала, сè почесто ѝ доаѓаше колку што беше постара. Tоа и не беше некоја посебна тајна, но за неа беше толку интимна што не можеше да се присили да им ја каже дури ни на најблиските.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)