Нареди да се симне сиот сомот од палатата и да се замени со светлива чоја која е мазна, мека и не чкрта во раката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Докторот Татули идеше почесто во селото, ги прегледуваше луѓето и им велеше: - Вам умот ви е само во вулканот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Слегувавме почесто во Техеран, купувавме алишта, чевли, да заличиме на луѓе, и одевме од едно конзулато во друго: турско, руско, но виза во ниедно не можевме да добиеме. Ни велеа само: чекајте, чекајте...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вакви примери има почесто во малите, провинциските театри каде актерите малку трагаат кон апсолутниот, објективниот јазик, малку трагаат кон потребните модели, системи и техники.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но, колку што повеќе минуваше времето, нему – наместо да заборава – сѐ почесто во сеќавањето му се јавуваше мислата на затворот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Стравот ги тераше луѓето да одат почесто в црква и да се молат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)