За било кој поединец- лаик, кој не е контаминиран со било каква правна догма, додека судот не „пресече“, односно не донесе одлука за одредени спорни факти – не постои никакво ‘право’ за таа правна работа и за тоа проблематично прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Неувидувањето на оваа вистина, е само несакање на противниците на овој реален став, да се соочат со фактот дека судиите непрекинато носат ‘закони’ [читај пресуди] со повратно дејство – оти спорот за кој пресудуваат е настан кој веќе се случил во минатото и којшто подоцна, ретроактивно, се разрешува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А работниците од пониските класи реално, немаат ниту средства, а ниту волја и знаење да се обратат за правно мислење до итрите правни со- ветници, консултанти или адвокати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)