Јажето падна врз главата на Арсо. Синото око горе остана празно и чисто.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Погледнав кон црквата. Околу неа тремовите изгледаа празно и студено. Кога има луѓе, се стоплуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ту му е сѐ полно и рамно, ту му е сѐ празно и далечно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со тоа како да го снема и денот и неговата длабочина и наеднаш сѐ стана сосема, сосема празно и плоско.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)