Сара му зборуваше за својот свет кој завршуваше со прагот на домот, за она што можеше да го види отаде границата на нејзиниот свет – она што можеше да го види низ прозорецот од својата соба: улицата и куќите од спротивната страна, и дрвата покрај куќите и небото над нив, дел од тој недофатлив свет беше и она што можеше да го види во книгите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Новите средни групи практично ги објавуваа своите тирании однапред.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Брат ми ѝ зборуваше за својот свет, кој се простираше помеѓу домот, факултетот, библиотеката, домовите на пријателите и болниците во кои заедно со колегите од факултетот практично ги усвојуваше знаењата од медицината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)