Зарем не доживеаја на Балканот слична судбина и малата империја Југославија, која произлезе по падот првин на Отоманската, а потем и на Австро-Унгарската империја, чиј амбасадор бев.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Првин на сто снопје, земаа десет, а после како ќе им чукне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Турците се дадоа првин на јуриш, потоа во бегање.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Првин на него се сетив, оти тој беше до мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Трудот околу нив е залуден, должници се на сѐ и сешто, а првин на себеси и животот им е ептен наопаку.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Море ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во тој миг го здогледа бикот Чако, како со спуштена глава му се приближува, покорен пред послушноста, припитомено легна првин на предните нозе, потоа ги спушти наземи и задните и веднаш заспа, папсан од скитањето низ гората.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)