Расипикуќата Шајчевска дури престана и ручек да прави затоа што беше премногу зафатена со правата на педерите.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Денес многу луѓе сметаат дека се премногу зафатени за да читаат.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Од нов прозорец, информацијата за самоубиство на еден духовит актер (кој некогаш ми читаше раскази) ги прекина залудните настојувања да извлечам мислење за сценарио, од еден премногу зафатен човек.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Јас не го следев сосема каква намера има, бидејќи бев премногу зафатен со себе си и со оние чувства кои се раѓаат во моменти на вакво расположение, а кои би можеле да се наречат, одмазднички. Да, одмазднички!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Морам да сум премногу зафатен за да имам со што да ја оправдам својата нервоза.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Дојдовме со родителите, всушност, со мајките.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Татковците се секогаш премногу зафатени и немаат време за вакви расправии.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)