премногу (прил.) - рестриктивен (прид.)

Рокот кој се предвидува е премногу краток, а казните доколку овој рок не се испочитува се премногу рестриктивни и високи и истите се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, преку малку подлабока анализа на оваа измена, ќе заклучиме дека таа не го менува премногу рестриктивниот и дискриминирачки карактер на овој закон, кој самиот по себе е противуставен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ова дефинирање е од премногу рестриктивен карактер, ако се земат во предвид личните преференци на невработеното лице и можната несоодветност на понуденото работно место со неговиот степен на образование и вештините кои тоа ги поседува.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Законот за вработените во јавниот сектор има претрпено само едно изменување и дополнување, од декември 2014 година.59 Со овој закон не се утврдува обврска за колективно договарање, се предвидува контрола на вработените преку недоволно разјаснетиот поим континуирано следење што остава простор за притисок врз вработените, дефинирањето на штрајкот е поставено во премногу рестриктивни рамки како и можноста за законско создавање на превработеност со кадри чија компетитивност е под знак прашалник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)