претеран (прил.) - или (сврз.)

Удри по љубовникот или по љубовницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од трагедијата, мелодрамата не мора да си ги правда екстравагантностите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А бидејќи патетичното страдање со кое се гордее од самиот почеток е осудено да мине во очите на повластениот и невнесен гледач како „изнасилено“, како претерано или театрално, мелодрамата нема што да ја плаши впечатокот дека емоциите што ги поставува не се сосема автентични, дека не се чувствуваат толку колку што се изведуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа одбива да ги отфрли како несериозни патетичните видови на страдањето – како преувеличени, фантастични, страсни или наивни, да се послужам со речникот на Зонтаг – кои не можат да дораснат до степенот на трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со тоа ги повикуваме оние што би сакале да се удостојат на наша сметка да нѐ обвинат дека уживаме во кич. ‌Ако мелодрамата си ја навлекува етикетата „кич“, тоа е затоа што доброволно тргува со сентименталноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е битно дали даденото семејство е она, твоето, од кое потекнуваш, дали е семејството што си си го избрал или ти е новосоздаденото геј- или лезбејско семејство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто мелодрамата, како деградиран поджанр, се одликува токму со таква комбинација на елементи: врв на емоционална напнатост што изгледа претерано или екстравагантно; прекумерна реакција, оттука, лажност (ако гледачите проценат дека некоја изведба е „мелодраматична“, всушност, под тоа подразбираат дека е пресентиментална и „неверна на стварноста“); и сиже изнакитено со насилни кулминации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Измешаните насилство, сентименталност, лажност и театралност на емоциите што се во средето на конфликтот го претвораат семејството во постојано место на мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)