Исто така, тие можат да бараат и надомест на штета која ја претрпеле поради такви дејности (чл. 197, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Во поглед на имотот на синдикатите, тие можат да прибираат уписнина и членарина како и со купување, подарок или на друг законски начин да стекнуваат имот – без какво било претходно одобрение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од ова станува јасно дека за основање на синдикат на ниво на работодавач веќе не е задолжително негов упис во регистарот на МТСП, туку само во Централниот регистар; б) се воведоа и изречни одредби во поглед на имотот на синдикатот и на здружението на работодавачите, кој се стекнува по пат на прибирање уписнина и членарина, потоа со купување, подарок или на друг законски начин – без какво било претходно одобрение.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ова, всушност, и не беше нов вид договор, во вистинска смисла на зборот, бидејќи во ЗРО (1993) беше изоставена одредбата од ЗРО на СРМ (1990) која предвидуваше дека работник кој, во една 20 или повеќе организации или работодавци, остварува полно работно време – може да работи уште кај еден работодавец, за 1/3 од полното работно време, при што мораше да обезбеди претходно одобрение од надлежниот орган кај својот „стар“ работодавец (чл. 25, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)