По окончувањето на целиот случај, работничката остана и продолжи да работи во фабриката на истото претходно работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Првата половина од парите ѝ е исплатена уште наредниот ден, а втората половина – после десетина дена од потпишувањето на Спогодбата. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Претходната работна дозвола на странскиот работник ќе биде укината, додека пак новата работна дозвола ќе има рок на важност до истекот на важноста 65 Според Одлука У.бр. 230/2009 на Уставниот суд на РМ „со оспорената одредба се излегува надвор од односот казниво дело и судски изречената казна за неговиот сторител, на тој начин што со закон и надвор од евентуално изречена судска казна се определуваат и други последици за определени лица, со што се ограничуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот на Република Македонија“. 72 на претходно издадената работна дозвола, а странецот дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран (чл. 2 од ЗИДЗВРС/ фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)