Одот на тоа национално разбудување, како и резултатите до кои доведе тоа, се претставуваат приближно во овој вид: Србите и Бугарите фатија да си ги оспоруваат еден на друг правата врз Македонија: и едните и другите велат оти цела Македонија била нивна.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа мора да беше во 1973, во секој случај беше приближно во времето кога тој и Кетрин се разделија но датумот што беше навистина, беше важен седум или осум години постар.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бројот на градовите потоа расте на околу сто, за приближно во 800-тата година пред новата ера да постојат само сто дваесет и три праурбани локалитети.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дистинкцијата внатре-и-надвор се употребува приближно во сите аспекти од нашето искуство.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На тој начин, коптската алфабетска низа се сос 92 okno.mk тои од два дела: од основниот дел, соодветен со грчкиот алфабет и од дополнителниот коптски дел, приложен кон грчкиот редослед, а во кој се изразуваат оние фонетски вредности на коптскиот јазик, кои немаат свои еквиваленти во грчкиот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Аналоген карактер има и создадениот приближно во исто време готски систем на писмо, при што како и во случајот со коптското писмо, така и настанокот на готското писмо е сврзан со прифаќањето на христијанството.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Англискиот драмски писател Нил Бартлет, во интервју од почетокот на 1990-тите, приближно во времето кога Кушнер го привршуваше Ангели во Америка, опишува сличен миг во една друга драма што исто така се занимава со неизлечлива болест.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Смелоста да се интегрира исламската Европа Од 1492 година и изгонот на Евреите од Шпанија, од отсекувањето на Источна Европа приближно во истото време, ние заборавивме дека Европа делумно била и исламска.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Приближно во тоа време тој се чудеше што се случува со лажиците, особено со малите лажички кои толку често му притребуваа бидејќи имаше обичај сам да си вари чај и кафе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во коридорите зашушка. Стариците, носејќи ги пред себе во двете раце лимените чинии со каша, претпазливо излегуваа од кујната и седнуваа да ручаат на заедничката маса, обидувајќи се да не ги гледаат закачените во трпезаријата пароли, составени лично од Александар Јаковлевич и во уметничка изведба на Александра Јаковлевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Паролите беа следниве: “ХРАНАТА Е ИЗВОР НА ЗДРАВЈЕТО” “ЕДНО ЈАЈЦЕ СОДРЖИ ИСТО ТОЛКУ МАСНОТИИ, КАКО И 1/2 ФУНТА МЕСО” “ТЕМЕЛНО ЏВАКАЈЌИ ЈА ХРАНАТА МУ ПОМАГАШ НА ОПШТЕСТВОТО” и “МЕСОТО Е ШТЕТНО” Сите тие свети зборови во стариците ги будеа спомените за исчезнатите уште пред револуцијата заби, за јајцата исчезнати приближно во исто време, за месото, што во 174 okno.mk смисла на маснотиите е полошо од јајцата, а можеби и за општеството, што тие беа лишени од можноста да го помагаат, темелно џвакајќи ја храната.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)