14 Сеедно дали се свои или туѓи Некои соништа натежнуваат и претежнуваат од историја И тие соништа по правило се најкошмарни Џимкањата во нив се најбучни А клуч за нивна одгатка ретко се наоѓа Иако во последно време прилично напредна Археологијата на соновите како една нова И прилично конјунктурна научна дисциплина Особено бурни сонувачи на секаква историја Се балканските народи кои уште си вадат очи за минатото Тие понекогаш сонуваат исти сонови А неволјите настануваат кога сите сакаат Да имаат тапија на еден ист сон И нема господ кој може да го разврзе тој јазол од пет-шест исти сонови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)