Мислам дека немав испуштено ниту една буква од букварот- се труди да ми објасни Пачев. – А твојата приказна не е само тајна или мистерија штом во врска со неа постои прилично обемна папка со прилричен број листови.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
ВУДРИНГ Вредниот соработник на Маргина г-динот Павел Попов 113РУСКА подготви еден прилично обемен темат кој опфаќа период од 300 години извонредно важно книжевно творештво.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Списите се подредени во прилично обемни картонски кутии, во кои, по сè изгледа, некогаш дамна, во нашиов град пристигнала пратка чевли од некогаш прочуената фирма Бата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Навистина постои нешто соновидно во читањето на хиперлитературата, бидејќи тоа е чуден простор, тоа хиперместо, многу послично на внатрешниот отколку на надворешниот простор, простор кој не им припаѓа на координатите, туку на фантазијата без обем.“ (Robert Coover) оберт Кувер, познатиот американски писател, во својот текст „Крај на книгите“ (“The End of Books” - The New York Times, June 21, 1992), кој би можел да се нарече програмски на еден специфичен начин, и во прилично обемната статија со наслов “Хиперлитература: романи од компјутер“ (“Hyperfiction: Novels for the Computer” - The New York Times, August 29, 1993.), зборува за една појава настаната во Америка во рамките на постмодерната, па потоа проширена и во Европа и Јапонија, и чиешто, можеби, наједекватно име би било: компјутерска литература.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)