Зелки, зелки, зелено светликави зелки се тркалаа удолу по Балканска улица и радосно им одмавнуваа на вчудоневидените госпоѓи кои секогаш се радуваат кога нешто се тркала удолу и кои никогаш нема да ја разберат приказната за гладната кокошка која сонувала просо како што никогаш нема да запаметат кои алишта се перат на 30, а кои на 60 степени.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Гнездото ни е здраво. Сигурно Џивџик добро го пазел, - радосно им рече старата ластовица на другите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)