Твоја Јелена Лужина
2
343
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но многу ми е тешко да ви го објаснам тоа... (Старова, 2008: 385)
Или, на друго место и на подиректен начин:
...мислејќи с повеќе на вашите книги, јас мислам с помалку и помалку на вас како реално присуство што постои некаде... (Старова, ibid.: 289)
Ете, драги Луан, токму тоа е онаа фамозна differentia specifica што Твојата Елен Лејбовиц ја прави толку единствена, но и толку различна од сите вистински жени што некогаш се допишувале со некои мажи-уметници, сеедно дали повеќе или помалку славни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сосема е јасно дека Твојот текст за Елен Лејбовиц и не можел да се опредмети, да се запише, поинаку освен како епистоларен роман: сосема старовремски и (оттука) зачуден книжевен жанр со кој, сигурна сум, не си дури ни помислувал дека ќе се плеткаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)