Истовремено, се појавил релативно нов социјален тип: она што денес би го нарекле „геј-маж што се однесува и изгледа стрејт“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Психолозите и психоаналитичарите немаат да додадат ништо помудро на оваа тема од кој било друг, па затоа и теориите за третиот пол наеднаш се одново популарни: ако хомосексуалноста и хетеросексуалноста, всушност, ни се програмирани во телата, тогаш веќе нема што да откриваме од каде ни се ниту, пак, има што да изнаоѓаме левтерни објаснувања зошто некои поединци излегуваат стрејт, а други испаѓаат геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Згодно би било подробно да се знае како работи тој систем и како масовно ги произведува и ги распределува тие релативно нови марки на сексуалниот субјективитет – но, додека не дознаеме, бесцелно е да се шпекулира за процесот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И хомосексуалноста и хетеросексуалноста се артефакти на истиот општествено- сексуален систем, систем што во голема мера се совпаѓа со западниот модернитет, иако е систем што различно еволуирал за жените и за мажите.378
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е одлика на нашето општество во целина, а треба да се објаснува преку општествени фактори, како и преку индивидуални.
Причините поради кои некои момчиња стануваат хомосексуалци, кои и да биле, мора да се горе-долу истите причини поради кои некои момчиња стануваат хетеросексуалци, со оглед на тоа што само во последниве триста и нешто години момчињата воопшто стануваат едното или другото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Забавните паркови се релативно нова културна форма што сѐ повеќе ќе станува простор во кој уметникот ќе треба да истражува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)