само (прил.) - чека (гл.)

Та го излага дури и стариот Арсланбеј да му направи работа за Доста Рожденката, па ете, помина година, завлезе втора, а тие само чекаат напразно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сега Стојанка ја пречека Митра во црквениот трем, си ја одврза шамијата со дарчињата за крштеничето: кошулче, минтанче, чорапчиња и тулбенче, и беше готова. Само чекаа на ред.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А гледаш: ги кати забите, па му растат ноктите и само чека да згрешиш некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МИХАЈЛО: Ги заклаа овците. (Пауза) Шетам навечер и само чекам некого да сретнам. Нешто да се случи. Мислам нешто само што не се случило!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ќе влезам и само се ребрам, само чекам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не, мила моја. Јас само чекам времињава да се смират, ќе појдам во Америка и не ќе сакам веќе да знам ниту за Луков, ниту за сета оваа врескотница што ја крчмиме на дребно како борба за Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Живеам во бунар. Живеам како чад в бунар, како пареа во каменен душник. Не се движам. Не чинам ништо. Само чекам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А ловецот само чека, чека да се умориме, да се истребиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие ме боцкаат под гушата, ама пак не ме колат. Јас само чекам да ги брцнат штиковите, да ми го прекинат јадот, маките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)