Заборавот ја подјадуваше меморијата на раните дипломатски години, но не можеше да ја истисне од свеста...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко во еден период се допишуваше со својата братучеда Лејла, но никогаш не ја виде, само се случи по многу, многу години нивните деца (Етем Устер и авторот на книгава) да се сретнат ненадејно во Париз и да го живеат сродството, да чувствуваат нешто силно заедничко, коешто можеби само судбината на егзилот може да го донесе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко остана чувствителен и на судбината на Сефардите кои беа спасувани во Албанија, при крајот на монархијата и периодот на италијанската окупација, кога земјата имаше автономија на одлучување, издавајќи им визи за престој на еврејските граѓани кои бараа спас.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)