Оти очите му играат само над платицата што ја делка и му играат на смени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ваков да се појави - ни во ученичка ни во војничка униформа, со коси над веѓите не само над ушите, со растропани чизми од изминатите војни и со здебелен глас од домашен тутун?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како и да е, во тој замок-каде-и-да-е, една од забавите на исто така (како и господинот Сенка) непоимливо осамениот Призрак се бескрајните прошетки од скулптура до скулптура, од слика до слика, гледајќи го (осветлувајќи го!) сето она што, на некој начин, не може да биде тој самиот; т.е. доволно згуснат за да биде форма, доволно собрани тие честички светлина (од кои е составен господинот Призрак) за да биде целина, суштество, а не некој вид на вампир осуден на талкање меѓу мртви предмети.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Никогаш не нѐ напуштил, тој е на земјата!“, велат едни; „во најдобар случај, глупаци, тој е само над“, велат други.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)